ИнтернационалциФудбал

Ваљон Атеми и официјално во турски Игдир

Сподели
ФОТО: Iğdır FK
Сподели

Македонскиот интернационалец Ваљон Етеми потпиша за турски Игдир, каде вчера беше промовиран и Даниел Аврамовски, што значи дека двајцата ќе настапуваат во ист клуб и ќе бидат соиграчи.

27-годишниот Етеми доаѓа од Истанбулспор, каде крилниот играч на седум меча имаше два гола и забележа една асистенција.

Во својата кариера Етеми има настапувано и за Коњаспор, Кукс и Адриаку од Албанија, како и за младинскиот тим на Ренова од Џепчиште и Динамо Тирана.

Екипата на Игдир води борба за опстанок во Втората турска лига, а тоа е значи сериозен предизвик во кариерите на Етеми и Аврамовски, да изборат опстанок со нивниот нов клуб.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!