РакометСветско првенство 2025

Хрватите со порака до македонските навивачи: Дојдете порано во сала, ќе има детални проверки за сите!

Сподели
ФОТО: RK Eurofarm Pelister
Сподели

Хрватската ракометна федерација со соопштение до македонските навивачи, да дојдат порано во сала, бидејќи ќе има детални проверки за сите посетители, кои ќе го гледаат натпреварот од 18 часот меѓу Македонија и Гвинеја.

Ваквите зголемени безбедности проверки доаѓаат откако Светската ракометна федерација го побара истото по настаните кои се случија на мечот меѓу Македонија и Холандија.

„Бараме ваша соработка, почитување на сите правила на однесување, за создавање позитивна навивачка атмосфера по која сме познати во целиот свет, со цел да се обезбеди непречено спроведување на натпреварот и безбедност на сите учесници“, се вели во сооштението од Хрватската ракометна федерација.

Ќе има детални проверки, ќе се врши проверка на ранци, чанти и слично.

„Хрватскиот ракометен сојуз ги известува сите посетители на „Вараждин Арена“ дека при влез во салата ќе биде извршена детална безбедносна проверка (ранци, чанти и сл.) и ги повикува сите кои доаѓаат на натпреварите да дојдат во „Вараждин Арена“ порано пред почетокот на натпреварот за да може непречено да се изврши контролата, со цел да се избегнат гужви, односно сите да пристигнат на време за да седнат во салата.“

Натпреварот ќе започне во 18 часот, а Македонија ќе биде голем фаворит против Гвинеја, со победата патуваме во следниот сегмент од Мундијалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Поврзани написи
Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!