Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона од Втората женска фудбалска лига: Кочани прв фаворит!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На 15. септември ќе започне новата сезона во Втората женска фудбалска лига, а во која учество како и минатата сезона ќе земаат осум екипи.

Прв фаворит во новата сезона за првото место кое директно води кон Првата лига е Кочани, а потврда за тоа се засилувањата кои пристигнаа во Кочани, а тоа се искусната Кате Милеска од ланскиот прволигаш Цевитана од Прилеп и Афродита Салхи која доаѓа од прволигаш Шкендија, кој пресната со натпреварување поради финансиски проблеми.

Овие две засилувања ќе бидат моторот на Кочани во походот кон освојување на првото место, а во трката за истото ќе се вмеша ланскиот вицешампион Вардар, кој не го помина баражот со прволигашот Топ Гол и остана во Втората лига.

Нова екипа во Втората лига е ЖФК Слободен, а екипата на Цевитана која лани испадна од Прва лига нема воопшто да се натпреварува.

Во првото коло новајлијата Слободен на домашен терен ќе игра со Порече од Македонски Брод, Победа Валандово 16 на домашен терен ќе игра со велешки Борец, Вардар ќе биде домаќин на радовишка Плачковица, а пак во Охрид соочување на Билјанини Извори и Кочани.

Алексаднар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Сигурна победа за Тримо Требње на Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е турската фудбалерка Селин Туркоглу. Туркоглу...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!