Прволигашот Гостивар остана без напаѓачот Елвис Машике, кој се сели на Малта, каде ќе игра за тимот на Флоријана.
30-годишникот имаше голема заслуга за тоа што Гостивар е на 4. место и во сериозна трка за титулата, но и за излез во Европа.
Конгоанецот низ својат кариера настапуваше за повеќе екипи од Азербејџан, Словачка, Малта, како и Чешка.
За него шампионот на Малта му е познат, бидејќи претходно беше дел од тимот на Хамрун.
Во Првата македонска лига, Машике, одигра 17 натпревари, постигна три гол и запиша една асистенција, додека пак во Купот на Македонија одигра два натпревари и постигна еден гол.