Втора лигаФудбал

Борец има нов голман – претставен Матеј Андов

Сподели
Сподели

Борец од Велес за пролетниот дел од Втората лига го претстави првото зимско засилување, се работи за голманот Матеј Андонов, кој во Велес доаѓа од второлигашот Охрид.

 

Како што е познато Борец го именуваше искусниот стратег Горан Симов за нов шеф на стручен штаб, а сега тимот започнува со засилување на тимот.

Борец сака сигурност на голот, затоа и се одличи за нов чувар на мрежата, а новиот голман на велешани има настапувано и за екипите на Силекс, Осогово, Кадино, како и за младинските погони на Работнички и Вардар, од каде и потекнува.

Пред Борец е неизвесна полусезона, бидејќи тимот презимува на претпоследното место или во зоната за директно испаѓање со само пет бодови.

Во следните денови се очекуваат засилувања во сите линии на тимот, а целта е сигурен и директен опстанок.

Пролетниот дел ќе биде отворен на 15. февруари, а Борец ќе гостува кај Башкими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!