РакометРакометна репрезентација

Македонија подобра од Зеленортските Острови на последниот тест пред СП

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Ракометарите на Македонија го одиграа последниот контролен натпревар пред стартот на Светското првенство против селекцијата на Зеленортските Острови, а на меч каде нашите ракометари беа подобри со 27:26.

На полувреме противникот имаше гол предност од 14:15, а во вториот дел Македонија направи пресврт и дојде до триумф од еден гол разлика од 27:26.

Македонија претходно беше подобра од Нови Београд, Динамо Панчево и Сесвете, а пак загуби од Хрватска и Србија.

Светското првенство започнува во вторник, а Македонија првиот меч на Мундијалот го игра в среда протов Унгарија. Македонија е во групата Д, а вториот меч Македонија го игра против Холандија на 17. јануари, а последниот меч од групната фаза го играме против Гвинеја на 19. јануари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го...

Ракомет

Кузмановски го предводеше Пелистер до победа над Партизан

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци...

Ракомет

Од Богданци до Прилеп: Томица повторно со Младост, најверниот фан не пропушта натпревар

Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го...

Ракомет

Текстилец УГД подготвен за новата сезона, промовирани Табаков, Таневски, Миленков и Стојанов

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!