Прва лигаФудбал

Нови проблеми во Вардар, „Комити“ го блокираат тренинг кампот и испратија повик!

Сподели
Фотографија објавен на фејсбук страницата на ФК Вардар
Сподели

Денес Вардар ги започна подготовките за пролетната полусезона во Првата лига, но старите проблеми продолжуваат и во новата година.

ДОБИВАЈ ВЕСТИ НА ВИБЕР

На фејсбук страницата на ФК Вардар излезе соопштение во кое се вели дека извршниот директор Миленко Неделковски, им забранил влез на официјалните лица на маркетинг тимот на клубот, во продолжение целосното соопштение кое е објавено на фејсбук страницата на ФК Вардар.

* СООПШТЕНИЕ НА ФК ВАРДАР ОБЈАВЕНО НА ФЕЈСБУК:

„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили. Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, се вели во соопштението објавено на фејсбук страницата на ФК Вардар.

Соопштение излезе и на официјална фејсбук страна на навивачката група Комити Скопје.

Сите во Хиподром – веднаш! Во знак на револт и протест, ги повикуваме веднаш сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром. Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата! Нашиот одговор е јасен: Нема да биде дозволен влез/излез додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението „35 години Вардарци“ и Атила Бижен Жалили“, се вели во соопштението на Комити.

Вардар се наоаѓа на 11. место на табелата со 13 бодови, а пролетниот дел ги започнува против Шкендија на домашен терен.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!