Трета лигаФудбал

Слога Виница ги закажа пријателските натпревари, ќе се подготвува во Дојран!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Третолигашот Слога Виница, кој е есенски шампион во Трета лига – Исток го утврди планот на подготовки за пролетниот дел од сезоната.

На 15. јануари стратегот Емил Грнев ќе означи старт на подготовките, а целта на тимот е потврда на првото место во Трета лига – Исток и обезбедување на баражот преку клубот може да се промовира во Втората лига.

Според информациите на Спортска Мрежа првата фаза од подготовките ќе се одработи во Виница, а потоа тимот заминува на подготовки во Дојран, каде ќе се одработи главната фаза во период од 27. јануари до 3. февруари.

Договорени се и пријателските натпревари преку кои ќе се бруси формата за пролетниот дел. Првиот пријателски меч ќе биде одигран на 25. јануари против второлигашот Каменица Саса во Виница, потоа на 29. јануари тест-меч со второлигашот Кожуф во Дојран, а во Дојран екипата на Слога Виница ќе се тестира и со второлигашот Вардар од Неготино.

За 8. февруари е закажан тест со второлигашот Осогово, кој ќе се одигра во Виница, додека пак на 15. февруари Слога Виница ќе се тестира со есенскиот шампион во Трета лига Запад, екипата на Тетекс, која лани испадна од Втора лига, овој меч ќе се одигра во Тетово.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Слога Виница досега се засили со Иван Настевски, Тони Мирчевски и Дарко Стојанов од Детонит Плачковица, со младиот Филип Николовски од Каменица Саса, Љупче Христовски од Беласица и со голманот Антонио Столевски од Победа.

Според нашите информации не е исклучена можноста за уште неколку квалитетни засилувања за пристигна во Слога Виница, која има седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Овче Поле до Свети Николе на третолигашката табела во Источниот регион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од...

Останато

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со поддрршка за македонските таеквондисти кои заминаа на ЕП во Грција

Репрезентацијата на Македонската традиционална таеквон-до федерација е подготвена за настап на Европското ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион, Крит, Грција во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада,...

Фудбал

Започна уредувањето на фудбалското игралиште во Злетово: Следува комплетна обнова на инфраструктурата

Започнаа активностите за расчистување на просторот околу фудбалското игралиште во Злетово, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!