Втора лигаФудбал

Брегалница ги започна подготовките, во следните денови промоција на нови играчи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Штипскиот второлигаш Брегалница денес официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. На Градскиот стадион во Штип, шефот на стручниот штаб Трајче Сенев ја одржа првата прозивка, на која присуствуваа речиси сите фудбалери на кои ќе се смета во продолжението на сезоната.

Од клубот засега го потврдија само трансферот на Стефан Бабунски, кој доаѓа од редовите на Детонит Плачковица. Сепак, се најавуваат нови засилувања во следните денови, заедно со објавување на распоредот за пријателските натпревари. Првиот тест на тимот ќе биде на 18 јануари против Осогово, а се планираат и неколку дополнителни мечеви за време на зимските подготовки.

Во исто време, од екипата на Брегалница замина Јовица Радевски, кој повторно ќе го облече дресот на Детонит Плачковица, како што веќе информира Спортска Мрежа.

Брегалница ја заврши есенската полусезона на второто место во Втората лига со 33 бодови, зад лидерот Македонија ЃП, кој има 38, но пред третопласираниот Башкими со 32. Целта на тимот е јасна – експресно враќање во Првата лига, од која испадна минатата сезона заедно со Македонија ЃП.

Пролетниот дел Брегалница ќе го започне на гостински терен во Прилеп, каде ќе се соочи со Победа, во дуел на два поранешни прволигаши. Под водство на Трајче Сенев, штипските „сини“ се надеваат на успешен старт и чекор поблиску до враќање во елитното друштво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Огражден му даде седум гола на Спартмани на пријателски меч

Во Ново Село се одигра пријателски натпревар меѓу Огражден и Спартмани, на...

ОстанатоФудбал

ФОТО: ОФС Тетово го одржа редовното годишно Собрание

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово денес го одржа редовното годишно Собрание, а...

Втора лигаФудбал

ГФК Вардар Неготино закажа Годишно собрание: Отчет на новата управа, поканета и старата управа

Второлигашот Вардар Неготино кој „виси на конец“ да испадне директно во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!