Трета лигаФудбал

Зоран Котески останува во Големо Коњари, есенскиот шампион ќе се засилува со неколку играчи!

Сподели
Сподели

Екипата на Големо Коњари е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, а во пролетниот дел ќе води борба да го сочува првото место и со тоа да го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига.

И минатата сезона овој клуб беше есенски шампион, но во пролетниот дел Борец успеа да го стигне и на крајот да стане шампион и преку баражот да се врати експресно во Втората лига, но како стојат работите велешката фудбалска гордост може експресно и да се врати во Трета лига.

Зоран Котески останува во Големо Коњари и ќе биде важна алка во тимот за пролетниот дел, а за таа цел тимот покрај ќе има неколку квалитетни засилувања. 33-годишниот Котески со неговото искуство ќе помага во целта на клубот за освојување на првото место и баражот, во минатото Котески има настапувано за Осогово, кичевски Напредок, Новаци, Питу Гули, Младост од Кривогаштани, Кадица, Обршани, прилепско Кадино и за поранешниот второлигаш Братство од Житоше.

Како што дознава Спортска Мрежа екипата на Големо Коњари сака да се засили на голманската позиција, со денфазивец и шпиц.

Тимот е во исчекување на тоа кога ќе започне пролетниот дел во Трета лига – Југ, па според тоа и да го утврди планот за подготовки, но според нашите информации тоа ќе биде 40-тина дена пред почетокот на пролетната полусезона.

Дополнително според информациите на Спортска Мрежа има интерес и за спонзор во клубот, но засега тоа е сведено на разговори, а повеќе информации ќе има во следниот период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!