Прва лигаФудбал

Давид Велковски и Вардар се разделија, фудбалерот преминува во нов клуб

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Македонскиот фудбалски гигант Вардар продолжува со редизајнирањето на својот ростер за пролетната полусезона, со главна цел обезбедување сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Давид Велковски, 24-годишниот фудбалер од Свети Николе, реши да ја напушти Вардар по што двете страни се разделија. Велковски не успеа да се наметне во стартниот состав оваа сезона, одигрувајќи само 91 минута во четирите натпревари во ПМФЛ. Со ова, тој одлучи да се посвети на нови предизвици и да продолжи во нов клуб.

Велковски беше еден од играчи со најдолг стаж во актуелниот состав на Вардар, откако во 2018 година се приклучи на младинците, а година подоцна се вклучи во првиот тим на клубот.

Во меѓувреме, Вардар веќе ги направи некои од своите засилувања за новата полусезона, со потписи на Димитар Тодоровски, Мите Цикарски, Михаил Маневски, Ѓорѓие Јанкулов и Михал Пинтер. Трансферот на Едиз Спахиу се очекува да биде официјално потврден, додека клубот исто така работи на засилување на голманската позиција со Давор Талески од Шкендија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!