Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе бидат во составот за вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.
Во ростерот се најдоа и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките и ќе бидат на располагање за вечерашниот дуел.
Конечниот состав на Македонија:
- Ненад Димитријевиќ
- Виктор Ташовски
- Виктор Ефремовски
- Војдан Стојановски
- Лука Стојановски
- Адем Мекиќ
- Стојан Ѓуроски
- Резарт Мемед
- Тома Стојаноски
- Андреј Маслинко
- Дамјан Робев
- Мозес Рајт
Селектор: Жозеп Марија Берокал
Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Директниот пренос е на МРТ 1.