Утре ќе се добие последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако ќе биде одигра последниот натпревар од осминафиналето меѓу Брера Струмица и Арсими.
Натпреварот ќе се игра на СЦ „Пандев“ со почеток од 13 часот.
Претходно, пласман во четвртфиналето обезбедија бранителот Силекс, Шкендија Арачиново, Скоје, Македонија ЃП, Работнички, Струга Трим Лум и Вардар.