Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи.
Со голот на Даниел Трајковски во 78. минута, екипата на Раштани Спорт славеше над Врановци.
Форца Нова славеше убедлива домашна победа од 3:0 над Тополка, а стрелци беа Зоран Трајков и Лука Ристов во првиот дел и Антонио Јорданов во вториот дел.
Согле со резултат од 2:1 славеше над некогашниот второлигаш Локомотива од Градско. Семи Траировски во 13. минута погоди за предност на домаќинот, а во вториот дел следуваше гол за 1:1, а автор на истиот беше Стефан Илиев во 75. минута.
Десет минути подоцна Иса Рушидов постигна гол за конечни 2:1.
Младост стигна до победа над Бузалкова со резултат од 3:1 и тоа преку пресврт во вториот дел.
Гостинот имаш гол предност (0:1) на полувреме, а погоди Беркан Џемаиловски. Во вториот дел Оливер Трајковски израмни на 1:1, а потоа двоен стрелец беше Николче Јавашев за 3:1.
Горски славеше гостинска победа против Плавник со резултат од 2:3 во супер неизвесен меч. Домаќинот први го отвори резултатот со голот на Ермин Рамадани во 31. минута, а само три минути подоцна Аријан Колашинац израмни на 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Антонио Китановки се погрижи за комплетен пресврт во 52. минута, а во 81. минута Стефан Панов погоди за 1:3, само минута подоцна Кадри Куртишов погоди за конечни 2:3.
Лидер е Раштани Спорт со 19 бодови, четири помалку има Горски кој е втор, а пак Тополка е трета со 13 бодови, на дното Бузалкова и Согле со по пет бода.