Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Дебитантот во Втората лига има неверојатна есен зад себе, откако на домашен терен со 2:1 го доби Еуромилк ГЛ, со три бодови со кои Камјани изби на четвртото место на табелата поминувајќи ја Брера Струмица.
Уште поголема тежина на победата има фактот што истата дојде преку пресврт. Фисник Исмани во 70. минута донесе предност за тимот од Горно Лисиче од 0:1, само три минути подоцна Фикрет Љиварека постигна гол за 1:1.
Драмата продолжува во финишот на мечот кога во 93. минута Арменд Адеми погоди за конечни 2:1 и голема радост за Камјани кој го предводи Љабинот Муслиу.