Петтото коло на Втората футсал лига беше затворено со големата победа на ланскиот прволигаш Балкан, кој на домашен терен со 12:6 славеше над Фудбал Старс од Кочани.
Четири погодоци за Балкан постигна Јусуф Сулејмани, хет-трик забележа Пајтим Реџепи, а пак Мустафа Јусуфи беше двоен стрелец. По еден гол за домаќинот постигнаа Фестим Балиќи, Енис Реџеп и Ѓунум Сакиб.
За гостинот од Кочани двојни стрелци беа Христијан Крстов, Давид Тренчев и Јован Стојанов.
Балкан стигна до третата сезонска победа и со тоа има 12 бодови од четири меча, а пак Фудбал Старс од четири средби има четири бодови.