Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа можност први да дојдат до водство, но Јаков Стојковски не успеа да ја искористи укажаната шанса.
Во 32. минута, Јанис Один го совлада Александар Трајков и ѝ донесе предност на Швајцарија. Се покажа дека тоа е и единствениот гол на натпреварот, со кој Швајцарците ги освоија трите бода.
На вториот натпревар од нашата група, Северна Ирска славеше со 3:1 против Малта.
Токму селекцијата на Малта е последниот противник на Македонија на турнирот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново, со почеток во 12:00 часот.
МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:1
Стрелец: Один 32
Судија: Марк Нагтегал (Холандија)
МАКЕДОНИЈА: Трајков, Рочи, Ф. Цветковски, Велков (Дамевски), Марковски, Абдурахмани, Стојковски (Мрмачовски), Жаку (Грашевски), Куртиши (Емини), Танчев, Хоџа