Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата на Сан Марино.
Фудбалерите на Иљами Исејни продолжуваат со одличните настапи во квалификацискиот турнир. По претходната победа над Унгарија, македонските фудбалери денеска стигнаа и до триумф против Сан Марино, со што се доближија до пласман во елитната фаза.
Стрелец на голот беше Стефан Ристиќ, кој во 58. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и донесе значајни три бода за нашата селекција.
Последниот предизвик за македонските надежи ќе биде дуелот против Турција, кој е закажан за 17 ноември. На нашите репрезентативци им е потребна победа или реми за да обезбедат пласман во елитната квалификациска фаза за Европското првенство.