Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло на гостувањето во СЦ „Форца“ во Скопје, по голема борба во пет сета успеа да го совлада тимот на Газели Волеј, 2:3 (25:22, 19:25, 25:19, 21:25, 9:15)
Дербито го обележа неизвесност и резултатски пресврти, подеми и падови на едната и на другата екипа. Домашниот состав имаше водство од 2:1 во сетови, но одбојкарките на Наковски се вратија во вистински момент за да го задржат врвот на табелата. „Газелите“ иако го претрпеа првиот пораз во првенството, успеаја да освојат важен бод со кој остануваат веднаш зад лидерот.
И втората струмичка екипа која гостуваше во Скопје, Струмица Жени, по маратонски меч, кој траеше скоро три часа и пет сета на разлика го победи Фламинго Волеј, 2:3 (25:20, 25:17, 24:26, 20:25, 15:17) во средбата која го заокружи овој викенд.
Новајлијата во Првата лига, Фламинго Волеј беше на дофат до втората прволигашка победа, но ја плати цената на неискуството. На разлика 24:26 го загуби третиот сет и дозволи гостите комплетно да се вратат во игра во продолжението и да се радуваат на победа.
На останатите натпревари од ова коло Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ и Младост УГД славеа над противниците.