Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Сподели
Сподели

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни завршници. Работнички продолжи со максимален ефект, откако во Скопје го совлада Кожув со 83:80, додека Тиквеш Голден Игл направи резултатски пресврт на гостувањето кај Струмица 2001 и славеше со 70:75.

Кожув го намачи лидерот, но Работнички ја продолжи победничката серија

Кошаркарите на Работнички ја забележаа шестата победа во исто толку натпревари, но до новите бодови стигнаа многу потешко од очекуваното.

Во салата „Лазар Лечиќ“, Кожув од Гевгелија одигра храбар натпревар, во голем дел од средбата беше рамноправен противник, а во одредени моменти имаше и резултатска предност.

Работнички ја доби првата четвртина со 28:25, но гостите не дозволија домаќинот да се одлепи, па на полувремето резултатот беше 44:43.

Во третата четвртина Кожув заигра уште подобро и по тројката на Бурис стигна до седум поени предност (57:50). Сепак, скопјани одговорија со серија од 7:0 и повторно го израмнија резултатот.

Пред последните десет минути Кожув имаше минимално водство од 64:62, најавувајќи драматична завршница.



Работнички во последниот период успеа да поведе со 73:68, но гевгеличани уште еднаш покажаа карактер и на четири минути до крајот израмнија на 75:75.

Следуваше вистинска борба за секој поен. Армстронг погоди за 78:78, но во клучните моменти Робев реализираше за ново водство на Работнички. Гостите не ја искористија можноста за пресврт, а домаќините ја сочуваа предноста и стигнаа до конечни 83:80.

Најефикасен кај Работнички беше Рикиќ со 27 поени, седум скока и три асистенции. Ефремовски придонесе со 13 поени, седум скока и четири асистенции, додека Робев и Говенс постигнаа по десет поени.

Кај Кожув се истакна триото Армстронг, Бојчев и Симиќ, кое заедно постигна 50 поени. Крстевски додаде 12, а Бурис десет поени.

Со овој триумф Работнички останува непоразен по шест одиграни кола, додека Кожув, и покрај поразот, покажа дека може рамноправно да се носи и со најсилните екипи во првенството.

Тиквеш со пресврт во второто полувреме ја совлада Струмица

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл стигнаа до третата сезонска победа, откако на гостувањето кај Струмица 2001 славеа со 75:70.



Домашниот состав подобро го започна натпреварот и по првата четвртина имаше предност од 21:16. Струмичани продолжија со стабилна игра и во вториот период, па на полувремето заминаа со водство од 39:34.

Сепак, сликата на теренот се промени во второто полувреме.

Кавадарчани постепено ја намалуваа негативата, а во 26. минута, по тројката на Кечовски, за првпат поведоа со 48:47.

Тиквеш ја задржа иницијативата и пред последната четвртина имаше предност од 58:54.

Струмица успеа да се врати и да израмни на 58:58, но во продолжението гостите повторно го презедоа водството. Важна тројка постигна Делев за 61:58, а Сукс и Смит придонесоа за зголемување на разликата.

Домаќините не се предаваа и преку Крафорд се доближија на 67:70, но токму тогаш Делев уште еднаш ја презеде одговорноста.



Младиот кошаркар погоди тројка за 73:67 на 73 секунди до крајот, со што практично го реши прашањето на победникот.

Тиквеш Голден Игл на крајот славеше со 75:70, запишувајќи ја третата победа по шест одиграни кола.

Во победничкиот состав Смит и Сукс постигнаа по 18 поени, при што Сукс имаше и 14 скока. Волф додаде 13 поени, додека Глигоријевиќ оствари дабл-дабл со 11 поени и 11 скока.

Кај Струмица 2001, која настапи без Џејкобс, најдобар беше Херси со 19 поени и 16 скока. Крафорд постигна 14 поени, а Димитар Пандев натпреварот го заврши со 13 поени и осум скока.

Работнички со максимален ефект, Тиквеш го подобрува билансот

По шест одиграни кола, Работнички останува со максимални шест победи и продолжува да ја потврдува својата кандидатура за највисок пласман.

Од друга страна, Тиквеш Голден Игл со гостинскиот триумф во Струмица стигна до израмнет биланс од три победи и три порази, што претставува значаен резултат во борбата за подобра позиција на табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!