Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје со пресврт го доби дербито со Тиверија Брера, Љуботен остана на „плус четири“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Шампионот Скопје ја совлада Тиверија Брера со 3:2 иако на полувреме губеше со 1:2, а Љуботен славеше со 6:1 во Кочани и ја задржа предноста од четири бода на врвот на Првата женска фудбалска лига. Во петте натпревари од 12. коло беа постигнати вкупно 30 гола.

Скопје – Тиверија Брера 3:2

Глорија Тодорова го отвори дербито со гол во 4. минута, но Теона Галабовска со два погодоци, во 18. и во 35. минута од пенал, ѝ донесе предност на Тиверија Брера до паузата. Тодорова со својот втор гол израмни во 57. минута, а натпреварот го реши автоголот на Ангела Димчова во 78. минута.

Кочани – Љуботен 1:6

Елена Симјанова постигна хет-трик за половина час, со голови во 4., 7. и 30. минута. Улза Максути погоди во 48. и 57. минута за 0:5, а Лина Мицовска во 63. минута го постигна единствениот гол за Кочани. Лоурдес Роберта Оливеира до Насименто во 75. минута ги постави конечните 1:6.



Пелистер – Вардар 1:2

Михаела Марковска го доведе Пелистер во водство во 8. минута, а Јулија Живиќ израмни во 38. Победата на Вардар во Битола му ја донесе Настасја Накова со погодокот во 60. минута.

АСС Јунајтед – Истатов 2:1

Тамара Лазеска во 13. и Веса Села во 22. минута ѝ донесоа два гола предност на домашната екипа во Струга. Канита Емини намали во 38. минута, а резултатот остана 2:1 до крајот.



Каменица Саса – Речица 12:0

Ана Димитровска постигна четири гола, сите во второто полувреме (47., 67., 82. и 87. минута). По двапати погодија Јована Петрушовска (9. и 38.), Васка Василева (11. и 79.), Христина Јовановска (20. и 51.) и Стефанија Веселинова (24. и 49.).

Табела по 12. коло

Љуботен останува единствената непоразена екипа со десет победи и две ремија. Скопје со победата се одвои на шест бода од Тиверија Брера, која сега е израмнета со Каменица Саса на 22 бода. Во средината на табелата, АСС Јунајтед и Вардар ги дели еден бод.

Место Екипа Бодови
1 Љуботен 32
2 Скопје 28
3 Тиверија Брера 22
4 Каменица Саса 22
5 Пелистер 20
6 АСС Јунајтед 17
7 Вардар 16
8 Истатов 12
9 Речица 4
10 Кочани 1

И на листата на стрелци има израмнување на врвот. Ана Димитровска, Теона Галабовска и Улза Максути имаат по 17 гола, а зад нив е Биљана Панеска со 16.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!