Прва лигаФудбал

Криезиу: Ова е дуел на екипите кои покажаа најмногу и мора да дадеме 200% од себе за да го оправдаме епитетот дерби на колото

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Дербито на 13-то коло ќе се игра во Струга, каде што „црвено-црните“ патуваат со јасна амбиција да го одбранат првото место и да го повторат успехот од првата фаза.

Во пресрет на ова соочување, Алмир Криезиу ја истакна важноста на ова дерби, соодветната физичка и психолошка подготовка, како и јасната цел на црвено-црните за позитивен резултат.

„Ваквите дерби-пресметки се нешто посебно за секој фудбалер – сите живееме за вакви мечеви! Мотивацијата доаѓа сама по себе кога на теренот директно се соочуваат првиот и вториот на табелата,“ истакна Криезиу.

Еден наспроти друг застануваат тимовите кои понудија убедливо најмногу фудбалски квалитет во досегашниот тек од шампионатот. Шкендија влегува со авторитет на лидер, но актуелниот домаќин е во страшна форма и нема да отстапи пред домашната публика.

„Верувам дека гледачите ќе уживаат во врвен фудбал. Ние сме лидери, но Струга игра феноменално во последно време. Веќе ги совладавме еднаш оваа сезона, но тие влегоа во одличен ритам и очекувам пеколно тежок меч. Ова е дуел на екипите кои покажаа најмногу и мора да дадеме 200% од себе за да го оправдаме епитетот дерби на колото,“ додаде брзоногиот офанзивец.

Математиката и традицијата му се насмевнуваат на тимот од Тетово. Шкендија не знае за пораз на последните 7 пресметки против Струга (3 победи, меѓу кои и онаа драматичната победа на пенали во Купот, по ремито 2:2, како и 4 нерешени средби).

Натпреварот Струга-Шкендија ќе се игра во сабота во 12:00 часот во Струга, каде правдата ќе ја дели судијата Стојанче Трпчевски.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!