Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски турнир „Ohrid Winter Cup 2026“, кој ќе се одржи од 5 до 8 декември во Охрид. На турнирот доаѓаат и екипи од Албанија, Косово и Црна Гора, а пријавувањето за клубовите и фудбалските школи е сè уште отворено.
Во четирите турнирски дена ќе се натпреваруваат девет генерации, од деца родени во 2012 до деца родени во 2020 година. Младите фудбалери ќе имаат можност да ги одмерат силите со врсници од други земји, да стекнат натпреварувачко искуство и да се запознаат со нови екипи и надвор од теренот.
Генерации и формати на игра
| Категорија | Година на раѓање | Формат |
|---|---|---|
| У-14 | 2012 | 8+1 |
| У-13 | 2013 | 8+1 |
| У-12 | 2014 | 7+1 |
| У-11 | 2015 | 7+1 |
| У-10 | 2016 | 6+1 |
| У-9 | 2017 | 6+1 |
| У-8 | 2018 | 6+1 |
| У-7 | 2019 | 5+1 |
| У-6 | 2020 | 5+1 |
За учесниците е предвидено сместување во хотели и вили со полн пансион. Покрај натпреварите, престојот е можност екипите да поминат неколку дена заедно и да го запознаат Охрид.
Еден од најубавите моменти на турнирот е кога ќе заврши натпреварот, а децата веќе прашуваат: „Со кого играме утре?“ Токму тоа е доживувањето што сакаме да им го дадеме во Охрид. Неколку дена со својата екипа, натпревари со врсници од други земји и време за дружење и надвор од теренот.
Клубовите и фудбалските школи што сакаат да пријават екипа или да добијат повеќе информации за учеството и сместувањето можат да се јават на 078 646 698.
Секоја екипа која ќе учествува на Ohrid Winter Cup 2026 ќе добие медиумска поддршка на Спортска Мрежа до јуни 2026 година, а дополнително добива фантастични понуди за учество на Балкан Промисес Охрид Куп, за што се подготвуваат дури три турнири. Првиот во период од 16 до 19 јуни, вториот од 19 до 22 јуни и третиот од 22 до 25 јуни.