Втора лигаФудбал

Симеон Христов 2024 година ја заврши како најдобар стрелец во Втората лига!

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Симеон Христов, фудбалерот на есенскиот шампион Македонија ЃП, 2024 година ја заврши како најдобар стрелец во Втората лига, постигнувајќи 15 гола. Искуствениот напаѓач блескаше во есенската полусезона, доминирајќи на сите 15 натпревари. Тој пристигна во Македонија ЃП од Пелистер и веднаш стана клучен играч во тимот, кој се стреми кон шампионската титула и експресно враќање во Првата лига.

Меѓу најдобрите стрелци оваа есен се издвојуваат и Андреј Симевски од Каменица Саса и Никола Талески од Победа, кои постигнаа по 10 гола. Аљбин Рамадани од Арсими го следи со 9 гола.

Дарко Гроздановски (Кожуф), Хусеин Демири (Башкими) и Шефит Шефити (Арсими) постигнаа по 7 гола, додека Сашо Дуков (Охрид), Димче Јовов (Беласица) и Меметриза Хамза (Башкими) завршија со по 6 гола. Хамза, кој во зимскиот преоден рок ќе настапува за Струга Трим Лум, како и Шефити за Беса, нема да имаат можност да го зголемат својот голгетерски учинок.

Илија Баламов (Вардарски), Тони Мичковски (Каменица Саса), Иван Настески (Детонит Плачковица) и Кирил Неделков (Вардар Неготино) ја завршија полусезоната со по 5 гола. Настески, кој беше капитен на Детонит, во зимскиот преоден рок премина во редовите на Слога Виница.

Пролетниот дел од сезоната во Втората лига ќе започне на 15 февруари со натпреварите од 16. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го одиграат големото дерби во рамки...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!