Прв бод за Иван Варадиновски како тренер на Скопје, Силекс пропушти можност да се доближи со третото место.
Скопје и Силекс ремизираа на „Железарница“ во Автокоманда каде одиграа 0:0 и ги поделија бодовите во меч од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Двете екипи не ги искористија своите шанси во Автокоманда и мораа да се задоволат со делба на бодовите.
Штипскиот стратег Варадиновски дојде до првиот бод како тренер на „пиратите“, но неговиот тим останува на дното од табелата со четири бодови и во следното коло во Кавадарци против Тиквеш дури во тринаесеттото коло ќе ја бара првата радост.
Силекс, пак, останува на петтото место со 17 бодови, а доколку славеше во Автокоманда ќе имаше можност да се доближи и од третата позиција.