Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Сподели
Сподели

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега пред него следува период на рехабилитација и опоравување, по што се очекува неговото враќање на фудбалските терени.

Калпачки се повреди на еден од тренинзите на Брегалница кон крајот на месец август, кога заработи руптура, односно кинење на предните вкрстени лигаменти. Станува збор за сериозна повреда која бара оперативен третман и подолг процес на закрепнување пред повторно враќање на зелените терени.

Повредата дојде во незгоден момент за Калпачки, кој беше во одлична форма и се наметна како еден од најстандардните, најкорисните и најкреативните фудбалери во составот на штипските „сини“.

Неговото отсуство претставува значаен хендикеп за Брегалница, која остана без фудбалер со важна улога во организацијата на играта и офанзивните активности на екипата.



По успешно извршената операција, приоритет за Калпачки ќе биде целосното закрепнување, со постепено враќање на физичката подготвеност и тренажниот процес. Времетраењето на рехабилитацијата ќе зависи од текот на опоравувањето и проценките на медицинскиот тим.

Соиграчите, стручниот штаб и раководството на Брегалница му упатија желби за успешна рехабилитација на популарниот Калпа, со надеж дека повторно ќе го видат на фудбалските терени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

ФудбалФутсал

Клими го декласираше Железарец: Давид Крстески со четири гола, Горан Коцевски двоен стрелец

Клими забележа убедлива победа од 8:3 над повратникот Железарец на домашен терен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!