РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со реми против Фарски Острови, Милевски: Со ваква емоција не може да се игра за Македонија!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра само 1:1 против Фарски Острови во Торшавн на стартот од новото издание во Лигата на нации.

Иако сите очекуваа сигурен триумф за Македонија, сепак мечот донесе големо изненадување, прокоцкани сигурни бодови, со оглед дека македонските фудбалери беа големи фаворити во дуелот со Фарски Острови, но тоа не беше потврдено и на терен.

Два погодоци и двата од пенали. Во седмата минут од мечот Вољормур Давидсен беше сигурен од белата точка, откако Ахмед Иљазовски влечеше во сопствениот шеснаесетник, а потоа Македонија тргна со инцијатива имаше шанси, но без успешна завршница. 1:0 беше исходот по првите 45 минути.

Во вториот дел Македонија веднаш израмни, од пенал, а сигурен реализатор беше Енис Барди. До крајот на мечот Македонија се обидуваше да дојде до комплетен пресврт, но не успеа во таа цел, а на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Селекторот Благоја Милевски по мечот истакна дека не е задоволен од првото полувремем, а ниту пак е задоволен и од дебитантите Митровски и Иљазовски.

„Не сум задоволен од првото полувреме, не можам да бидам задоволен и од дебитантите. Митровски и Иљазовски и затоа ги заменив на полувреме. Од реакцијата во вториот дел сум позадоволен. Ме загрижува тоа што денес не видов доволна емоција кај одредени фудбалери. Со таква емоција не може да се игра за Македонија. Потенцирав дека дуел играта на домашните фудбалери е силна страна, можете да ги превенирате, но не и да ги предвидите. Кога не реализирате такви шанси како нашите попладнево, што би коментирал. Самите фудбалери повеќе од сите нас сакаа да постигнат погодок“, рече селекторот Милевски.

Нашата репрезентација уште вечерва се враќа во Скопје, а од утре фокусот ќе биде ставен на мечот против Ерменија кој се игра на домашен терен.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за подготовките за Европската лига

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација во одбојка, Милош Гавриловиќ, го објави...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!