В недела во салата „Млаз“ ќе се одигра натпреварот од 9. коло на Суперлигата меѓу Младост и Тиквеш, а во рамките на истото домаќинот ќе ја бара првата сезонска победа.
Во тимот од Богданци владее позитивна атмосфера, екипата е подготвена за нов предизвик во потрага за првата сезонска радост, со максимална поддршка од верната публика, која одново како и досега ќе ја наполни салата.
Ахмед Мајдоуб вели дека натпреварот ќе биде тежок, но како што истакна за Спортска Мрежа ќе се борат за победа. Навивачите ќе бидат клучот за победа вели Мајдоуб.
„Натпреварот во недела ќе биде тежок, но ќе се бориме за победа. Лично, очекувам тежок дуел меѓу двете екипи. Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме“, вели Ахмед Мајдоуб за Спортска Мрежа.
Натпреварот меѓу Младост и Тиквеш ќе започне во 18 часот.