КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

Сподели
Сподели

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК Тиквеш 1930 на осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија, одигран на 28 октомври.

Жалбата, која Вардар претходно уредно ја најавил во записникот од натпреварот, се однесува на Окере Ебубе Висдом, фудбалерот на Тиквеш со број 23, кој бил дел од почетниот состав на гостинската екипа.

Во образложението на жалбата се наведува дека во досието на фудбалерот во КОМЕТ-системот на ФФМ, во делот за лекарски преглед, како медицински документ била приложена спортско-медицинска потврда издадена на име на Милош Спасовски, со датум на лекарски преглед 2 јули 2026 година.

Според наводите на Вардар, Милош Спасовски не е член на ГФК Тиквеш 1930 од 3 септември 2026 година, поради што клубот смета дека постои основ за приговор за настапот на фудбалерот.

Вардар се повикува на член 8 и член 30 став 2 од Пропозициите за Куп-натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/2027, како и на член 63 став 6, член 68 и член 99 став 1 точка II и став 4 од Правилникот за натпреварување на ФФМ.

Со жалбата, „црвено-црните“ бараат таа да биде усвоена, да се утврди неправилниот настап на фудбалерот и ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци да биде елиминиран од понатамошното натпреварување во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027.

За случајот се очекува одлука од надлежните органи на ФФМ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

Прва лигаФудбал

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Тиквеш, дербито меѓу Вардар и Струга во понеделник

Дванаесеттата рунда на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!