Кошарка

МЗТ Скопје со пораз ја започна сезоната во АБА2-лигата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, со пораз ја започна новата сезона во АБА2-лигата. „Сино-белите“ на гостувањето во Никшиќ загубија од домашната Сутјеска со 85:75, во првиот предизвик во регионалното натпреварување.

Македонскиот претставник имаше послаб почеток на натпреварот, па по првата четвртина губеше со 16:11. Сепак, во продолжението МЗТ Скопје ја подигна својата игра, се врати во мечот и направи целосен пресврт. На полувремето гостите имаа минимална предност од 40:39, најавувајќи неизвесна борба за победата.

Рамноправната игра продолжи и во второто полувреме, во кое ниту една екипа не успеа да се одвои со посериозна предност. Сепак, во решавачката четвртина Сутјеска беше поуспешна, го искористи притисокот врз гостинскиот состав и стигна до конечен триумф од 85:75.

Ноа Фарахан беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје со 18 постигнати поени, додека кај домашниот тим најмногу се истакна Митровиќ, кој го заврши натпреварот со 22 поени.



За македонскиот шампион нема многу време за одмор, бидејќи го очекува исклучително густ натпреварувачки распоред. Во вторник МЗТ Скопје ќе се соочи со АЕК Лимасол во ФИБА Европа Купот, а само два дена подоцна го очекува дуелот со Струмица 2001 во рамките на МТЕЛ Суперлигата.

По неуспешниот старт во АБА2-лигата, „сино-белите“ ќе се обидат брзо да се вратат на победничкиот пат во следните предизвици на домашната и меѓународната сцена.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ сигурен против ГКК Штип за втора победа во МТЕЛ Суперлигата

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа ГКК Штип...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка...

Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!