Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите за Европското првенство.
Македонската селекција ќе настапи во четвртата група од Б-лигата, на турнир што ќе се одржи во Грузија. Покрај домаќинот, противници на нашите фудбалерки ќе бидат и репрезентациите на Луксембург и Велс.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 25 октомври против Грузија, со почеток во 16:00 часот. На 28 октомври, од 14:00 часот, следува дуелот со Луксембург, додека квалификацискиот турнир ќе го завршиме на 31 октомври со натпревар против Велс, кој ќе започне во 13:00 часот.
Селекторката Катерина Милеска го одреди списокот на фудбалерки на кои ќе смета за претстојните натпревари во Грузија.
Голманки:
- Ања Стојмиловска – ЖФК Кочани
- Mагдалена Иломаноска – ЖФК Пелистер
Одбрана:
- Maрија Климоска – Brescia Femminile
- Лина Мицовска – ЖФК Кочани
- Софија Величковскa – ЖФК Речица
- Кеила Алиоски -Team AFF-FFV
- Eмилија Ивковиќ – ЖФК Скопје
- Нина Манасиева – ЖФК Кочани
- Стефани Богдановска – BK Hacken
Среден ред:
- Тамара Атанасовска – ЖФК Скопје
- Ања Каранфиловска – ЖФК Истатов
- Христина Јорданова – ЖФК Скопје
- Душица Лазареска – ЖФК Цевитана
- Софија Велинова – ЖФК Кочани
Напад:
- Елена Наумоска – ЖФК Скопје
- Јана Милошевска – ЖФК Скопје
- Лаила Бала – WFC Luzern
- Ана Марија Велевачкоска – ЖФК Цевитана
- Лана Спасовска – ЖФК Речица
- Глорија Тодорова – ЖФК Скопје