Сите натпревари од деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се одиграа во сабота од 14 часот.
Кожуф на домашен терен ќе игра против Тетекс каде „штофарите“ се надеваат на продолжување на победничката низа, Детонит Плачковица ќе бара излез од резултатската криза против Еуромилк ГЛ, а гостинот обид за првпат да излезе од опасната зона.
Пелагониско дерби на Новаци и Пелистер, гостинот е фаворит, домаќинот сака да изненади. Излез од резултатската криза Осогово ќе бара против Брера Струмица за прва сезонска победа, струмичани како фаворити во обид за враќање на победничките патеки.
Беласица по серијата од шест ремија во низа ќе атакуваат на триумф против Македонија ЃП, „лавовите“ сакаат бодови од Струмица.
Дербито на колото ќе се одигра на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Работнички, а пак „фенеџијата“ Шкупи ќе се соочи со фаворитот Камјани.