Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата на шампионите, но првиот европски предизвик заврши со пораз. Штипјани на гостувањето во Холандија загубија од Орион Старс со максимални 3:0 во сетови, во првиот натпревар од воведното квалификациско коло.

Холандскиот претставник ја оправда фаворитската улога и ги освои трите сета со 25:13, 25:19 и 25:17. Најголема борба се водеше во вториот сет, во кој македонскиот првак успеа да му парира на домаќинот, но не и да ја продолжи неизвесноста до самиот крај.

За УГД Штип, кој минатата сезона ја освои двојната круна во македонскиот одбојкарски шампионат, а на почетокот на новата сезона го освои и Суперкупот, настапот во елитното европско натпреварување претставува значаен чекор и ново искуство на меѓународната сцена.

Во редовите на македонскиот шампион, Стојан Илиев и Махди Задмард беа најефикасни со по девет поени, додека Александар Љафтов заврши со осум поени. Кај холандската екипа, Лијам Меккласки се истакна со 15 поени, а Вутер Тер Мат постигна 14, додека Ларс Ент придонесе со 11 поени.



И покрај неповолниот резултат од првиот дуел, штипјани сега се насочуваат кон реваншот, во кој ќе ја имаат поддршката од домашната публика. Вториот натпревар против Орион Старс ќе се одигра на 28 октомври во спортската сала „Џексон“ во Штип.

Пред своите навивачи, УГД Штип ќе се обиде да прикаже подобро издание и да се претстави во вистинско светло во своето прво учество во Лигата на шампионите. Македонскиот првак го очекува тежок предизвик, но реваншот ќе биде нова можност за тимот да покаже дека може да се надигрува и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!