ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Сподели
Сподели

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на Општинската фудбалска лига во Неготино.

Домаќинот прв дојде до предност уште во 9. минута со гол на Драган Спасиќ, а до крајот на првиот дел гостинот израмни преку Махмуд Шерифов на 1:1 во 27. минута.

Во вториот дел се случи комплетен пресврт во 55. минута Сами Рустемов обезбеди 1:2, а пак во 70. минута Шерифов со втор гол стави печат на победа од 1:3.

Средбата меѓу Младост од Корешница и Лозар заврши без победник откако двете екипи одиграа 1:1 и ги поделија бодовите.



Домаќинот во 27. минута преку Стојанче Богдановиќ стигна до предност од 1:0 која беше и на полувреме, а во второто полувреме Славе Јовановски ги постави конечните 1:1 во 50. минута.

Колото ќе се комплетира со мечот меѓу Напредок од Војшанци и Јанг Боис, закажан за 23 октомври.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!