Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски предизвик, а противник во второто коло ќе му биде турскиот Спор Тото. „Гладијаторите“ ќе имаат можност пред домашната публика да направат важен чекор кон следната рунда, со оглед на тоа што двата натпревари ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини Извори“, во петок и сабота, со почеток од 18:30 часот.

Во пресрет на европскиот двомеч, ракометарот на Охрид, Шуичи Јошида, испрати јасна порака за подготвеноста и решителноста на тимот. Свесни за тежината на предизвикот, охриѓани веруваат во сопствените квалитети и најавуваат максимална посветеност на теренот, со заедничка цел да го остварат посакуваниот резултат.

„Подготвени сме за овие два натпревари. Знаеме дека ќе биде тежок предизвик, но веруваме во себе и во нашиот тим. Ќе се бориме заедно, ќе дадеме 100% на теренот и ќе дадеме сè од себе за да го постигнеме посакуваниот резултат.“- изјави Јошида.

ФОТО: ГРК Охрид

Двата дуела со Спор Тото ќе бидат нов тест за амбициите на актуелниот европски шампион, кој сака да продолжи со успешните настапи на меѓународната сцена. Поддршката од охридската публика ќе биде дополнителен мотив за „гладијаторите“, кои ги очекуваат два важни натпревари во борбата за пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски одлуки на натпреварите од 10. коло во Првата и 8. коло...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

Ракомет

Вардар ,,гази” без грешка: седум од седум и врвот на табелата!

Вардар останува максимален во домашното првенство. „Црвено-црните“ го добија градскиот дуел со...

Ракомет

РФМ најави турнирски натпреварувања за У13 и мини ракомет, првиот турнир на 31 октомври во Скопје

Ракометната федерација на Македонија планира организирање турнирски натпреварувања за најмладите категории, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!