Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде посебна почит на две значајни имиња од својата историја, Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки, на кои им беа доделени врамени дресови како признание за сè што направиле за струмичкиот клуб.

Признанијата ги врачи претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков – Пинда, во знак на благодарност за долгогодишниот придонес на двајцата фудбалски великани, кои оставија длабока трага во историјата на клубот и македонскиот фудбал.

Благој Митев е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на Беласица, како фудбалер, но и како тренер. Во клубот пристигнал во летото 1978 година, а во деветте сезони настапил на 186 првенствени натпревари и постигнал осум голови. Во 1983 година беше дел од генерацијата која ја освои титулата шампион на Македонија, а со своите настапи се вброи меѓу фудбалерите со најмногу првенствени настапи за Беласица.

По завршувањето на играчката кариера во 1990 година, Митев продолжи да работи како тренер, оставајќи значаен белег и на таа улога. Во текот на својата богата кариера помина 36 сезони како тренер, а во повеќе наврати беше дел од стручниот штаб на Беласица. Неговото име е поврзано и со успесите на Турново, додека генерации фудбалери го паметат како ментор, човек со коректен пристап и вистински спортски дух.

Посебно место во историјата на струмичкиот клуб има и Димитар Георгиев – Шеки, фудбалер познат по својот талент, креативност и атрактивните голови. За Беласица одигра 235 првенствени натпревари и постигна 50 голови, со што се наоѓа меѓу најдобрите десет фудбалери во историјата на клубот според двете категории.

Шеки настапуваше за Беласица во десет сезони, а во 1983 година беше дел од шампионската генерација. Во текот на кариерата настапуваше и за други струмички клубови, меѓу кои Тиверија, со која исто така оствари значајни резултати. Неговата кариера е силно поврзана со струмичкиот фудбал, а денес своето знаење го пренесува на младите генерации како тренер во младинските категории.

Со доделувањето на врамени дресови, Беласица испрати порака дека ги цени и ги памети луѓето кои оставиле трајна трага во клупската историја. Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки се дел од генерациите што го граделе идентитетот на клубот и заслужуваат признание за нивниот придонес кон струмичкиот и македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!