Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија. Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Правдата на средбата ќе ја делат Томас Барисас и Петрусис Повилас, додека улогата на делегат му е доверена на Чехот Јири Конечни.
Македонскиот претставник ќе гостува во Полска, каде што ќе се обиде да стигне до првите бодови во овогодинешното издание на елитното европско натпреварување. Натпреварот ќе се одигра во „Орлен Арена“, со почеток во 20:45 часот.