По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари во Трета лига регион 3 и со тоа дојде до тренерска промена.
Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека утрово одржале состанок во управата на ФК Карбинци, по низата лоши резултати, на инсистирање на градоначалникот Паунов, било договорено промена на тренерското место.
За нов тренер е назначен Влатко Новаков, кој треба да го извлече тимот од резултатска криза, да донесе победа и да започне тимот од малата рурална општина да прогреси на табелата.
Новаков е поранешен фудбалер на Брегалница, Силекс, Вардар.
„Во спортот не секогаш има резултати, а тогаш кога тие не се позитивни мораме нешто да промениме! Денес одржавме состанок со управата на ФК Карбинци по низата лоши резултати каде на мое инсистирање е договорено промена на тренерското место. Нов тренер на ФК Карбинци е Влатко Новаков, кој со своето искуство и знаење ќе се обиде да внесе свежина, нова енергија и мотивација во тимот. ФК Карбинци ќе остане единствен клуб во третата источна лига кој доаѓа од мала рурална општина и целосно се финансира од општината. Спортот има важен дел во општеството, затоа поддршката и вложувањето во него ќе продолжи и понатаму“, вели градоначалникот Паунов.

48-годишниот тренер ја започнува својата мисија за враќање на победничките патеки.