Ракомет

Воркапиќ пред Висла: „Вардар е голем клуб и секогаш оди на победа“

Сподели
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961
Сподели

Вардар го очекува тешко гостување кај Висла Плоцк во четвртото коло од Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ немаат намера однапред да се откажат од борбата за позитивен резултат. По трите порази на стартот од групната фаза, македонскиот претставник ќе се обиде да одговори на предизвикот во Полска и да ги освои првите бодови во елитното натпреварување. Вукашин Воркапиќ е свесен за тежината на задачата, но нагласува дека амбициите на клубот секогаш се насочени кон победа.

Вардаровиот ракометар не ги крие реалните очекувања пред реваншот, но потенцира дека Вардар и на гостински терен ќе влезе со победнички амбиции. Според него, традицијата и големината на клубот подразбираат борба за најдобар можен резултат, без оглед на противникот.

„Теоретски, сè е можно, иако реално веројатно немаме многу шанси. Што се однесува до реваншот, секако дека секогаш одиме на победа. Вардар секогаш оди на победа, Вардар е голем клуб.“

Воркапиќ очекува Вардар да прикаже подобро издание во однос на првиот меѓусебен дуел во Скопје. За да се надеваат на позитивен исход, вардарци ќе мора да ги намалат грешките и да покажат поголема ефикасност во играта, со дополнителен ангажман од секој ракометар на теренот.

„Ќе се потрудиме овој натпревар да биде поинаков, да дадеме уште повеќе од себе, да ги исправиме грешките и да стигнеме до посакуваните два бода, кои сите со нетрпение ги очекуваме.“

Како еден од клучните предуслови за подобар резултат, ракометарот ја издвојува енергијата со која тимот ќе влезе во натпреварот. Воркапиќ смета дека вистинскиот пристап мора да биде присутен од првата минута, доколку „црвено-црните“ сакаат да ѝ парираат на Висла и да се борат за бодовите.

„Единствениот начин да стигнеме до тие два бода е со вистински пристап и вистинска енергија. Тоa e суштината. Ќе дадеме сè од себе.”- изјави Воркапиќ.

Вардар во Полска ќе се обиде да ги преточи најавите во игра на теренот и да стигне до првиот позитивен резултат во новата сезона од Лигата на шампионите. Пресметката со Висла Плоцк е закажана за утревечер од 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

Ракомет

Охрид го подготвува европскиот спектакл, познати се цените на билетите!

Европската ракометна приказна на ГРК Охрид продолжува со нов предизвик во ЕХФ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!