Ракомет

Томовски повторно блесна во Бундеслигата, Битигхајм до втора победа!

Сподели
FOTO: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува да го гради својот одличен ритам во германската Бундеслига. Неговиот Битигхајм оствари значаен гостински триумф над Гепинген со 29-25, запишувајќи ја втората победа во новата сезона.

Меѓу најзаслужните за успехот беше токму Томовски, кој повторно потврди дека претставува важен адут на својот тим. Македонскиот чувар на мрежата забележа 13 одбрани, со успешност од 35 проценти, придонесувајќи Битигхајм да стигне до посакуваниот резултат на гостински терен.

Сигурните интервенции на Томовски се уште една потврда за неговата добра форма во едно од најквалитетните ракометни првенства во Европа. Со ваквите изданија, репрезентативецот продолжува да се наметнува како значаен дел од тимот и да испраќа позитивни сигнали пред обврските со македонската селекција.

За Битигхајм, победата во Гепинген е нов поттик за продолжението на сезоната, а Томовски со своите одбрани повторно имаше важна улога во остварувањето на целта.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

Ракомет

Охрид го подготвува европскиот спектакл, познати се цените на билетите!

Европската ракометна приказна на ГРК Охрид продолжува со нов предизвик во ЕХФ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!