Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал лига, откако на стартот од сезоната беше поразен со 4:1 од Бутел во гости.
Ивица Божиновски по четири минути игра го отвори резултатот за водство од 1:0 на полувреме. Стартот од вториот дел донесе израмнување на резултатот откако Мартин Калчев во 24. минута постигна гол.
По четири минути Владимир Трендафиловиќ беше прецизен за нова предност на Бутел, а во 31. минута Филип Павлов си постигна автогол со што резултатот беше 3:1.
Конечниот резултат го постави Петре Даиловски, кој во 34. минута погоди за конечни 4:1.