По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци.
Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид, останува и натаму најдобар стрелец со осум постигнати погодоци по седум одиграни натпревари.
Втор е Владимир Жоглев, напаѓачот на Брера Струмица има четири погодоци, а пак по три гола имаат Јован Бошнаков од Работнички, Филип Димоски од Детонит Плачковица, Симеон Христов од Пелистер, Андреј Кудијан од Работнички и Игор Ристов од Брера Струмица.
Голема е бројката на фудбалери со два погодоци, а особено со еден постигнат гол.