Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Сподели
Сподели

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола на домашен терен.

Домаќинот преку Ивана Николоска во 14. минута дојде до водство од 1:0 предност која беше до 27. минута кога гостинот преку Мила Коњановска израмни на 1:1 за полувреме.

Во вториот дел Јоана Никова се покажа како херој на мечот кога во 57. минута постигна гол за конечни 2:1, со што охриѓанки имаат одлично отварање на сезоната со ве победи на толку натпревари. Поранешниот шампион на Македонија има перфектно отварање на сезоната и цели кон враќање во елитата.

Во однос на самата табела по две кола максимален број на бодови имаат Ржаничино, Билјанини Извори и Башкими со по шест бода, по три бода имаат Топ Гол и Победа Валандово, без бодови се Менада и Топ Грлс, а пак Плачковица има минус три бода.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!