Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Сподели
Сподели

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

По три пропуштени шанси за победа против Бутел во првото коло против Прилеп на домашен терен и против Мулти Есенс во гости, сега против „двојката“ од Битола е можност за прва сезонска радост.

Пред натпреварот со Еурофарм Пелистер, разговаравме со голманот на Младост, Живојин Илиќ, кој за Спортска Мрежа најпрво зборуваше за мечот со Мулти Есенс од претходното коло и пропуштената можност за победа во Автокоманда.

„Беше тоа тежок натпревар, против директен конкурент во борбата за опстанок. Ни недостигаше малку среќа и трпение во нападот. Одбраната, од друга страна, беше одлична. Она што ме радува е што не паднавме по овие претходни натпревари и што го оставивме и последниот атом сила на теренот.“

Голманот на тимот од Богданци в сабота против битолчани очекува машки натпревар, но дополнува дека очекува и тежок натпревар.

„Против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, во кој ќе има многу цврсти одбрани од двете страни. Екипата на Пелистер 2 е малку поискусна од Мулти Есенс. Така што очекувам тежок натпревар. Но, играме дома и сите сме фокусирани конечно да стигнеме до првата победа.“



Илиќ е миленик на публиката и ги собира аплаузите на секоја неговата интервенција на секој меч, дополни дека поддршката значи многу и дека дефинитивно е осми играч на тимот.

„Публиката во Богданци е навистина феноменална. Нејзината поддршка многу ни значи. Дефинитивно е нашиот осми играч. А тоа што сум миленик на публиката ми годи. Но, мислам дека нашата публика кон сите гледа исто. Само се менуваме едни со други. И тоа сигурно нè турка уште повеќе напред, да играме што подобро и да растеме како екипа од натпревар во натпревар.“

Натпреварот меѓу Младост и Еурофарм Пелистер 2 се игра во сабота од 17 часот во салата „Млаз“, која се очекува да биде исполнета до последното место.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!