Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со многу пресврти и неизвесна завршница.

Во македонскиот состав, капитенот Филип Кузмановски, одигра феноменален натпревар и со дури 14 постигнати гола беше убедливо најдобриот стрелец на Пелистер. Репрезентативецот го презеде товарот врз себе во клучните моменти и практично сам го одржуваше својот тим во предност кога полскиот состав се обидуваше да се врати во игра.

Пелистер имаше свои проблеми во текот на натпреварот, но успеваше да најде одговор. По почетното водство на домаќинот, битолчани направија пресврт и воспоставија контрола над резултатот, а важна улога во нападот имаше и Н’Танзи, кој со своите погодоци му помагаше на македонскиот состав да остане чекор пред противникот.

Иако Гдањск не дозволуваше Пелистер да се одлепи, „зелено-белите“ на полувреме заминаа со минимална предност од 17-16. Во тие 30 минути Кузмановски веќе имаше пет гола, најавувајќи дека ова ќе биде негова вечер.

Во вториот дел капитенот целосно го презеде натпреварот во свои раце. Кога Пелистер повторно се најде во период во кој му беше потребен гол, Кузмановски реагираше во свој стил – со серија погодоци, вклучително и два гола од контра, со кои македонскиот тим за првпат стигна до значајна предност од четири гола.

Но, наместо мирна завршница, следуваше вистинска драма. Гдањск се враќаше во ритам, а Пелистер со неколку грешки му дозволи на домаќинот повторно да се доближи. Кузмановски продолжи да погодува и стигна до неверојатни 14 гола, но во последните минути недостигаше концентрација во нападот.

Полскиот тим успеа да израмни на 31-31 на една минута до крајот, а Пелистер не успеа да го искористи последниот напад за победнички погодок. Следуваше уште една техничка грешка, по што резултатот остана непроменет.

На крајот, Пелистер мораше да се задоволи со бод, иако во текот на натпреварот имаше и моменти во кои беше блиску до целосен плен. Кузмановски со 14 гола беше најдобриот стрелец на средбата и еден од најзаслужните за позитивниот резултат на македонскиот состав, кој од Гдањск се враќа со првиот бод во новата сезона во Европската лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со 11 победи од исто толку натпревари. Лидерот во последното коло ја...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед го доби Пелистер во Битола и се израмни на табелата

Фудбалерките на Ас Јунајтед од Струга со победа ја затвори есенската полусезона, откако денес триумфираа над Пелистер во Битола со резултат од 1:2....

Поврзани написи
Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за...

Ракомет

Лукиќ: Конечно ја пробивме таа психолошка бариера, победата ќе биде ветер во грб и за останатите натпревари

Младост конечно ја израдува верната публика откако во салата „Млаз“ ја доби...

Ракомет

Андоновски: Конечно успеавме да стигнеме до таа толку посакувана победа, како што бевме и ќе останеме сложни

Младост стигна до својата прва сезонска победа, откако на домашен терен славеше...

Ракомет

Зечевиќ: Покажавме карактер и стигнавме до плус 11 пред реваншот!

ГРК Охрид ја отвори вратата кон следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!