Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое се одржува во Солун, Грција.
Зајков имаше одличен настап на светската сцена, а до бронзата стигна со значајна победа над противничка од Молдавија. Во текот на натпреварувањето, радовишанката успеа да го совлада и светскиот првак во самбо за кадети, што дополнително го нагласува значењето на нејзиниот резултат.
Зајков направи историски резултат на Светското првенство за кадети во самбо за Македонија, што е потврда за големиот талент на радовишанката, која со многу работа, труд и талент од Солун во Македонија го носи бронзениот медал.

Изабела Зајков е првата Македонка која освоила медал на Светско првенство во самбо. Досега ниту еден македонски натпреварувач, во ниту една конкуренција, нема освоено медал од Светско првенство во овој спорт.
Со бронзениот медал во Солун, 15-годишната Зајков не само што оствари огромен личен успех, туку влезе во историјата на македонското самбо како прва Македонка со медал од Светско првенство.

Историска бронза за младата радовишанка и уште еден голем успех кој го носи македонското знаме на светската спортска сцена.

