Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Сподели
Сподели

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета лига регион 2.

По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме Екрем Мемеди го отвори резултат во 60. минута, а десет минути подоцна Никола Стевчевски погоди за 2:0.

Во самиот финиш од мечот беа постигнати два брзи гола, откако Леонид Стојановски во 85. минута и Амар Имери во 89. минута ги поставија конечните 4:0.

Убедлива домашна победа имаше и Пчиња, на домашен терен го декласираше Влазними од Оризари со 6:0. Двојни стрелци во високата победа беа Михаил Цветковски и Никола Ѓорѓиевски, а по еден го постигнаа Бобан Стојановски и Христијан Стојчевски.



Липково ги освои трите бодови во Старо Нагоричане, откако со 0:2 го доби Козјак. Раиф Меметовиќ во 14. минута погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Сами Џемаили во 83. минута ги потврди конечни 0:2.

Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните натпреварите, можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!