Трета лигаФудбал

ФОТО: Јуниор преку пресврт во меч со пет гола славеше над Речица, Победа и Беса ремизираа без голови

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Јуниор од Доброшане стигна до голема победа од 2:3 на гостување кај Речица, во меч од 4. коло на Трета лига регион 2.

Домаќинот преку Дарио Јакимовски во 32. минута го отвори резултатот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Кирил Доневски погоди за 1:1 во 48. минута, но брзо потоа домаќинот дојде до нова предност во 64. минута со голот на Леон Пауновски.

До крајот на мечот гостинот направи комплетен пресврт, откако Андреј Димиќ во 74. минута постигна гол за 2:2, а Виктор Димитриевски во 80. минута ги постави конечните 2:3 со што обезбеди три бода за неговиот тим, па така Јуниор е втор со девет бодови до комплетирањето на колото со утрешните мечеви.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дуелот меѓу Победа од Тромеѓа и Беса од Слупчане заврши без победни, откако двете екипи ремизираа без голови (0:0).

☕ Ако ја поддржувате работата на Спортска Мрежа за промоција на македонскиот спорт, можете симболично да нè поддржите со едно кафе. Вашата поддршка ни значи многу и ни помага да продолжиме да работиме за македонскиот спорт. Ви благодариме!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!