Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Сподели
ФОТО: РК Струга| facebook
Сподели

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката лига, кој на крајот заврши без победник – 29-29. Иако двете екипи во самата завршница имаа можност да го освојат целиот плен, реализацијата изостана, па бодовите беа поделени.

Струга имаше подобра позиција во финишот. Гостите водеа со 29-27, но Прилеп успеа да се врати во игра. Маркоски намали на еден гол разлика, а потоа следуваше нов погодок за израмнување.

Во последните секунди драмата достигна кулминација. Трајкоски го запре ударот на Танкоски, а Прилеп потоа направи грешка и ѝ остави на Струга уште седум секунди за последен напад. Сепак, гостите не успеаја да го реализираат, па резултатот остана 29-29.

Стружани подобро влегоа во натпреварот и во првите 15 минути имаа 10-7. Домашните постепено го фатија ритамот и со головите на Шипинкоски, Димитриоски и Стојановски стигнаа до 10-10.

До паузата повторно Струга имаше предност, овојпат 16-14, при што Костадиновски имаше важна улога меѓу стативите. Сепак, Прилеп успеа да ја намали негативата непосредно пред одморот, откако Шипинкоски погоди од далечина за 16-15.

Во продолжението домаќинот двапати имаше минимално водство, 19-18 и 21-20, но Струга повторно го презеде резултатот. Гостите направија серија со која стигнаа до 25-22 и изгледаше дека се поблиску до победата, но Прилеп во финишот успеа да се врати и да обезбеди бод.

Стојановски и Маркоски со по шест гола беа најефикасни кај Прилеп, Димитриоски постигна пет, а Трајкоски запиша девет интервенции. Во составот на Струга, Костоски заврши со шест гола, додека Георгиевски постигна пет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед го доби Пелистер во Битола и се израмни на табелата

Фудбалерките на Ас Јунајтед од Струга со победа ја затвори есенската полусезона, откако денес триумфираа над Пелистер во Битола со резултат од 1:2....

Трета лигаФудбал

Влазерими го чува врвот совладувајќи ја убедливо Преспа, Кравари со седумка, осум гола во Демир Хисар

Влазерими со победа од 3:0 над Преспа ја задржа предноста од пет бода на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари го...

Поврзани написи
Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за...

Ракомет

Лукиќ: Конечно ја пробивме таа психолошка бариера, победата ќе биде ветер во грб и за останатите натпревари

Младост конечно ја израдува верната публика откако во салата „Млаз“ ја доби...

Ракомет

Андоновски: Конечно успеавме да стигнеме до таа толку посакувана победа, како што бевме и ќе останеме сложни

Младост стигна до својата прва сезонска победа, откако на домашен терен славеше...

Ракомет

Зечевиќ: Покажавме карактер и стигнавме до плус 11 пред реваншот!

ГРК Охрид ја отвори вратата кон следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!