РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Атанасов пред Шкотска: Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија вечерва ќе се обиде да стави крај на резултатската криза со триумф над Шкотска, но и да се стави крај на „сушниот период“ без постигнат гол.

Репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов, пред вечерашниот дуел со Шкотска, потенцираше дека атмосферата меѓу фудбалерите е одлична и се надева на позитивен резултат.

„Секако дека има незадоволство по два порази, но откако сум дел од националниот тим не се сеќавам да било лошо и некој од играчите да не се залагал. Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат. Нашата сила е колективот“, истакна Атанасов.

Натпреварот на Националната арената „Тодор Проески“ започнува во 20:45 часот, главен судија на натпреварот ќе биде Франсоа Летексје од Франција.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 сигурен против Куманово за втора сезонска победа

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победничките патеки во Суперлигата, откако во Битола го совлада Куманово со 36-30 и стигна до вториот триумф...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од „Куќата на фудбаот“, поради очигледната потреба од дополнително информирање. Во целост...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија и Шкотска по прекин на негативните серии: „Црвено-жолтите“ бараат гол и победа во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!